Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд, предводена од Вес Мек Гру, и претставници на Владата вчера попладне ги почнаа финалните разговори за заемот од 400 милиони евра што и беше понуден на Македонија од Фондот. Можам да кажам дека сме се поблиску до донесување одлука за користење на кредитната линија од ММФ, што е по исклучително поволни услови. Практично она што се нуди од нивна страна и она што е генерално правило за ваквите кредити е што земјата може да користи во првата година 500 отсто од квотата, односно за Република Македонија тоа би значело 400 милиони евра за првите 12 месеци. Со оглед дека има размислување за користење на кредитната линија за период од 24 месеци, можно е низ разговорите да се отвори прашањето вкупниот износ да биде повисок од 400 милиони евра...
Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд, предводена од Вес Мек Гру, и претставници на Владата вчера попладне ги почнаа финалните разговори за заемот од 400 милиони евра што и беше понуден на Македонија од Фондот.
Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, вели дека очекува во следните неколку денови да се завршат разговорите за новата кредитна линија и да се донесе одлука.
- Можам да кажам дека сме се поблиску до донесување одлука за користење на кредитната линија од ММФ, што е по исклучително поволни услови. Практично она што се нуди од нивна страна и она што е генерално правило за ваквите кредити е што земјата може да користи во првата година 500 отсто од квотата, односно за Република Македонија тоа би значело 400 милиони евра за првите 12 месеци. Со оглед дека има размислување за користење на кредитната линија за период од 24 месеци, можно е низ разговорите да се отвори прашањето вкупниот износ да биде повисок од 400 милиони евра - изјави Ставрески.
Според него толкав износ ММФ нуди за сите земји, а Македонија е првата на која и беше понудено врз основа на здравите и квалитетни економски политики кои ги води. Позајмените пари ќе бидат искористени за буџетската поддршка, односно за спроведување на сите проекти кои се предвидени со буџетот за идната година.
Според Ставрески каматата на првите 300 милиони евра од кредитот е 1,3 проценти, а во просек ако се искористи целиот износ - би изнесувала 2, односно 2,1 процент.
- Тоа подразбира реализација и на амбиционите капитални проекти предвидени за следната година во износ 23 милијарди денари, односно за 30 проценти повеќе во однос на годинава. Би помагнале и да се задоволат потребите на државата без да се повлекуваат средства од банкарскиот систем, што значи, повеќе средства да останат на стопанството, односно еден вид замена на задолжувањето во земјата - рече Ставрески.
За Ставрески официјалното прифаќање и одобрување на кредитот од ММФ само ќе ги подобри условите и околностите за евентуално користење на еврообврзницата.
- Тоа е силнен сигнал дека ММФ стои зад Македонија, односно зад квалитетот на македонските политики и оти на државава не и е нужно по секоја цена да издаде еврообрзница, односно има резервна варијанта. Кога инвеститорите го знаат тоа, нормално е дека тоа ќе се рефлектира во пониска цена на еврообврзницата, што значи е само еден вид засилување на нашата позиција пред инвеститорите на пазарот доколку условите дозволат да се издаде еврообврзницата - рече Ставрески на пресот во Управата за јавни приходи.